Наука
365 Challenge: Microsoft со предизвик за зголемување на продуктивноста во образованието
Microsoft го оствари следниот чекор кон целосна дигитализација на образовниот систем овозможувајќи нов степен ефикасност.
Со бројните алатки од Office 365 како Sway, One Note Staff, One Note Classbook, One Drive, Skype in the Classroom, MS Team, MS Office professional, Office mix и Forms се отвораат вратите на зголемена продуктивност која може да се воспостави во модерното општество.
Целта на секоја функционалност на алатките на Microsoft е да се подобри наставниот систем со примената на иновативни пристапи во образованието во Република Македонија. Можностите кои Microsoft ги нуди остваруваат совршена синергија помеѓу забавниот начин на изучување на предметите. Со користењето на Microsoft алатките, наставниците во средните и основните училишта за пократко време можат да ги подготват своите програми и да го пренесат потребното знаење на учениците.




