Creative
Чекаат и по 17 дена за новиот iPhone 6S!
Новиот „АјФон 6С“ е пуштен во продажба и како и секоја година и овој пат пред продавниците ширум светот се формираа долги редици на оние „најзапалени“ фанови кои се подготвени на се со цел први да дојдат до новиот апарат .
Најдолгите редиците за новиот АјФон се формирале во Токио, Сиднеј, и во неколку градови САД и Кина.
Некои од љубителите на АјФон чекале во редиците дури и 17 дена по сите временски (не)прилики, а некои се снашле со иновативни решенија за да не стојат цело време во редот.



