Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Go“ – нова македонска мобилна апликација која ги открива настаните околу вас

Мобилни

„Go“ – нова македонска мобилна апликација која ги открива настаните околу вас

„Go“ e геолокациска мобилна апликација која ви овозможува прикажување на настани во вашата околина, објавување на фотографии и „чекирање“ на местата кои ги посетувате.

Идејата е развиена од страна на студентите Игор Петровски и Петре Петров од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, а истата се родила како желба да се прикажат официјалните настани што се случуваат во околината, а потоа се надополнила со можноста за „чекирање“ и објавување при што преминала во социјална апликација.

Покрај ова апликацијата нуди прикажување и филтрирање на места кои се во вашата непосредна близина (кафулиња, ресторани, хотели…), преглед на најдобро рангирани слики од местата во вашата близина, но и  да видите кој се „чекирал“ на местото каде што се наоѓате моментално како и поврзување со други корисници на апликацијата.

„Go“ моментално е достапна само за Android уредите и може директно да ја преземете од Google Play.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Мобилни

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.