Мобилни
Македонската мобилна апликација МаркО добива нови функционалности
Сите ние сакаме да можеме да не забораваме повеќе, да бидеме продуктивни и секогаш да ги имаме вистинските информации во правилниот момент.
Живееме во трка со времето каде што многу од нас се трудат да не ги забораваат работите што им се обврска во текот на денот. Она што го посакуваме е да имаме некој што ќе ги помни сите работи за нас. Некој што ќе ни даде моќ со која помнењето би било забавно и притоа нема да бара од нас голем труд.
Со новата верзија, MarkO станува ваша надворешна меморија. Токму поради неговите интелигентни потсетници, вашиот ум останува слободен за работите кои вам ви се важни. Сега конечно ќе ја почувствувате супермоќта на помнењето!




