А1 Македонија организира онлајн работилница за безбедно користење на интернет
Во пресрет на Меѓународниот ден на детето, 1-ви јуни, А1 Македонија најавува отворена работилница на која можат да се приклучат сите заинтересирани и да го проследат предавањето за безбедно користење на интернет, дел од проектот „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно!“, наменето за сите четвртоодделенци.
„Интернетот не e само игра… Кликај безбедно!” е програма наменета за најмладите, со која вработените во А1 Македонија, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени за возраста и на образовната програма, ги запознаваат учениците од четврто одделение и го збогатуваат нивното знаење за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа како да ги заштитат своите лични податоци. Предавањата ги држат вработени во А1 Македонија, на волонтерска основа, со огромно искуство стекнато низ годините.
Работилницата ќе се одржи во вторник, 1 јуни 2021 со почеток во 12:30 часот, онлајн, преку платформата на MS Teams, во времетраење од 45 минути, а е отворена за сите заинтересирани ученици од четврто одделение кои сакаат да слушнат и научат повеќе на кој начин да се заштитат додека сурфаат на светската мрежа. Сите заинтересирани родители своите деца четвртоодделенци можат да ги приклучат со едноставно пристапување на следниот линк.




