Интернет
Од денес без СМС-код: Онлајн плаќањата во Македонија со нов, построг безбедносен режим
Од 1 март стапуваат на сила нови правила за онлајн-плаќање, со кои се воведува задолжителна засилена автентикација при секоја трансакција направена со платежна картичка преку интернет.
Наместо досегашната потврда преку СМС-код, корисниците отсега ќе добиваат push-известување во мобилната банкарска апликација, каде што ќе треба активно да ја одобрат трансакцијата. Потврдата ќе се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање лице.
Без оваа дополнителна проверка, плаќањето нема да може да се реализира – дури и во случај некој да ги поседува сите податоци од картичката.




