Интернет
„Фејсбук“ воведува промени: Видеата во живо ќе се бришат по 30 дена
Почнувајќи од оваа недела, „Фејсбук“ воведува ново правило со кое сите видеа од преноси во живо автоматски ќе се бришат по 30 дена. Со оваа одлука, компанијата значително го менува начинот на кој корисниците можат да ги зачуваат и архивираат своите содржини.
Во официјалното соопштение, „Фејсбук“ информира дека корисниците ќе имаат 90 дена да одлучат што ќе прават со своите постари снимки, по што тие ќе бидат трајно избришани.
Корисниците имаат неколку опции
За оние кои сакаат да ги задржат своите видеа, „Фејсбук“ нуди неколку можности:




