Наука
Македонија ги доби првите магистри во областа на современите композити и роботика
Компанијата Микросам, која е светски бренд и амбасадор на Македонија во светот во полето на производство на машини за напредна технологија, роботика и изработка на композитни материјали во авиоиндустријата, а воедно и омилен соработник на најголемите роботички технолошки гиганти од Јапонија, Кина, Индија, Русија, САД, Германијa, оваа година има навистина на што да биде горда.
Во годината во која се одбележуваат 25 години од постоењето на компанијата, која е основач на Институтот за современи композити и роботика, излегуваат првите магистри во земјава од оваа област, подготвени да се носат со новите up-to-date предизвици во глобални рамки.
Во Институтот успешно беа одбранети магистерските трудови во областа на современите композити и роботиката. До крајот на годинава предвидено е да магистрираат уште три студенти во истата област, а нивниот едукативен пат ќе продолжи на третиот циклус студии, со што ќе станат првите доктори на науки во оваа област во Македонија.




