Мобилни
ОНЕ: Неограничени разговори кон сите и 300 МВ интернет за само 99 денари неделно
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ, од денес, 17-ти април, го збогатува своето портфолио со нов припејд пакет кој нуди неограничени разговори кон сите национални мрежи и 300 МВ интернет.
Станува збор за неделен пакет кој за само 99 денари неделно ќе им овозможи на сите ЏаБестери и корисници на ОНЕ припејд да зборуваат неограничено кон сите национални мрежи и опуштено да сурфаат на интернет цела недела.
Истовремено, со секое надополнување на кредит, корисниците на ЏаБест и натаму зборуваат бесплатно со сите ЏаБестери.




