35% од Европејците би избрале полнење на нивниот телефон отколку пари
Мобилните телефони повеќе не се само метод на комуникација, туку се значајни емоционални и физички ресурси, согласно најновото Европско истражување на Samsung: 35% од луѓето преферираат да им се позајми полнење на телефон отколку пари.
Студијата на повеќе од 6.500 испитаници покажува дека споделување батерија за телефон е многу значаен подарок во модерниот свет. Кога го позајмуваме нашиот телефон или неговата батерија, ние споделуваме личен дел од самите себеси и создаваме лично поврзување, кое има придонесено за раст на новиот вид на општествена вредност и човеково однесување – “дигитална добрина“.
Истражувањето покажува дека желбата на некој да му ја дадеш телефонската батерија е индикатор за тоа колку се грижиш, што го зголемува нивото на поврзаност (или желбата за поврзаност) со некого. На пример, испитаниците најмногу се двоумеле да ја споделат батеријата со странец (14%), наместо со колега (39%), член на семејството (72%), пријател или партнер (двете на 62%).



