НА НЕКОЛКУ ДЕНА ОД СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА: Самсунг го престави „Note 10“ и во Македонија
По само неколку дена од светската премиера во Њујорк Samsung ја претстави Galaxy Note10 и Galaxy Note10+ серијата на паметни телефони пред домашната јавност во Скопје.
Новата Galaxy Note10 серија е дизајнирана да ги задоволи потребите на најпребирливите бизнис корисници, но и на креативците, овозможувајќи им да го постигнат својот максимум во секојдневните предизвици. Врвниот, надграден Dynamic AMOLED екран, професионалната камера, подобрениот S Pen, супер брзото полнење и неверојатната поврзаност со други уреди, претставува гаранција на корисниците дека уредот ќе биде во можност да ја исполни задачата, без разлика дали е тоа пишување белешки на работен состанок, уредување на креативно видео или едноставно пребарување на интернет.






