
Мобилни
Лудило на интернет: iPhone со инсталиран TikTok се продава за 75.000 долари!
Лудило на интернет: iPhone со инсталиран TikTok се продава за 75.000 долари!
Додека “Apple” и “Google” одбиваат да го вратат “TikTok” во своите продавници за апликации, препродавачите на “eBay” пронајдоа начин да ја искористат ситуацијата. Тие нудат “iPhone” уреди со инсталирана апликацијата “TikTok” по астрономски цени, кои достигнуваат и до 75.000 долари.
Овој тренд се појави поради привремената забрана на “TikTok” во САД, која уследи по извршната наредба на претседателот Доналд Трамп, со која се овозможува 75-дневен период за заштита на апликацијата додека не биде купена од американска компанија.
Технолошките гиганти го заземаа својот став
Компаниите “Apple” и “Google” остануваат на својата одлука дека нема да го вратат “TikTok” во своите продавници, “App Store” и “Play Store”, сè додека не се заврши процесот на пренос на сопственост. Оваа позиција ја продлабочи кризата околу популарната платформа за кратки видеа.



