Мобилни
Мобилна моќ во твој стил: Galaxy S25 и Galaxy S25+
Секој ден носи нови предизвици и можности, па потребата за телефон кој ќе го следи твојот брз ритам денес е поголема од кога било. Galaxy S25 и Galaxy S25+ не се само телефони, тие се твој придружници во сè што правиш во текот на денот. Дизајнирани со стил и перформанси кои ќе ги одговорат на сите твои потреби, овие модели од новата Galaxy S25 серија ќе го подигнат твоето мобилно искуство на сосема ново ниво.
Ако бараш малку помал, компактен, но моќен телефон, тогаш стандардиот модел Galaxy S25 е твојата опција. Со екран од 6,2 инчи, овој супер-брз уред е секогаш тука за тебе, подготвен за сè што ќе го побараш. Но, ако сакаш поголем екран за сите оние моменти кога гледаш видеа или играш игри, Galaxy S25+ има екран од 6,7 инчи со целосно ново ниво на визуелна јасност и деталност. Не само што е поголем, туку неговата батерија од 4.900 mAh ќе те одржи активен цел ден – без да се грижиш за дополнителни полнења.







