Мобилни
Започнува нова Galaxy A ера: дали си Team A56, A36 или A26?
Живееш брзо, скролаш уште побрзо и не трпиш досадни телефони? Добредојде во новата ера на Galaxy A серијата! Samsung ги лансираше Galaxy A56, Galaxy A36 и Galaxy A26, смартфони што ја разбираат твојата брзина, стил и потреба за изразување. Но, ако мораме да издвоиме еден што е буквално Gen Z mood тоа нека биде Galaxy A56. Еве зошто.
Galaxy A56 – твојот нов дигитален компас
Овој телефон не е само уред, туку алатка што се вклопува во твојот начин на живот. Најмоќниот на новата A генерација со Екран: 6.5” FHD+ Super AMOLED, 120Hz освежување, совршен за гледање видеа и игри без сецкање. Идеален за сè, од doomscrolling до binge-watching. Сè е совршено, живо и светло – токму како што треба да изгледа твојот фид. А неговата камера? Совршенство со 50MP главна + 12MP ултраширока + 5MP макро за да ги “фатите” сите добри моменти и неверојатни 32MP за најјасни и најживи селфиња, дури и на слаба светлина.

Под маската се крие Exynos 1480 процесор кој без проблем се справува со сите апликации и игри. Без лаг. Без „force close“. Само чиста брзина. Камерата? Селфи? Да. Но и ултра широки снимки, стабилни видеа и ноќни фотки што изгледаат како од професионалец. Звучи добро? Звучи A56.
Ако сакате постојано да сте во движење и да имате update на сите важни моменти, тогаш имате батерија од 5000mAh со 25W брзо полнење и цел ден користење со само едно полнење.
Идеален за креатори на содржина, гејмери и оние што бараат премиум искуство без да платат премиум цена а дизајнот – ултра тенок со премиум финиш, IP67 отпорност на прашина и вода.

Galaxy A36 – идеален за сите што сакаат рамнотежа
Galaxy A36 е малку поедноставен, но не помалку важен. Со истиот стилски дизајн и одличен екран со 6.6” Super AMOLED, 120Hz и одлична видливост на сонце и флуиден скрол, A36 е совршен избор ако сакаш сигурен телефон за секојдневна употреба. Задна камера со 50MP + 8MP ултраширока + 5MP макро. Предна камера со одлични 13MP за селфи, солидна за секојдневни објави и видеа. Батеријата трае цел ден, а One UI интерфејсот нуди флуидно искуство што Gen Z го сака – чисто, едноставно и брзо. Дизајнот е тенок и елегантен, достапен во свежи и тренди бои. Одличен избор за оние што сакаат стабилен и визуелно привлечен телефон.

Galaxy A26 – основа за оние што првпат се среќаваат со Galaxy светот
Ако си на почетокот од своето Galaxy патување или бараш одличен прв телефон, Galaxy A26 е твојот идеален старт. Го нуди она најважното екран со 6.5” PLS LCD, 90Hz, стабилност, достапност. Идеален за младите корисници кои сакаат Samsung искуство без компликации, а цената, фантастична – одговара за сечиј џеб. Од останатите карактеристики кои се важни за младите се издвојуваат задната и предната камера кои имаат одлични перформански за одлично селфи како и фотки за социјалните мрежи и видео повици. Дизајнот е едноставен, тренди и достапен во повеќе бои.
Galaxy A26 e супер опција за младите корисници, студенти или прв телефон за едно неверојатно Samsung искуство.

Try Galaxy – пробај пред да се заљубиш
И најдобриот дел? Не мораш веднаш да купуваш. Со апликацијата Try Galaxy, достапна и за корисници на други брендови, можеш да ги искусиш функциите на Galaxy A56 и другите нови уреди директно на твојот постоечки телефон. Пробај, истражи и увери се зошто Galaxy светот е толку заразен.
Достапни. Моќни. Создадени за тебе. Новата Galaxy A серија е тука и време е да се увериш кој е крајниот резултат кога технологијата и твојата генерација зборуваат ист јазик.
Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.




