Мобилни
Биди лидер во трендот со Galaxy Z Flip7 и Galaxy Watch8
Температурите се вжештуваат а тебе ти треба вистинско иновативно разладување. Сега е моментот да се освежиш со Galaxy Z Flip7 и Galaxy Watch8.
Овие уреди не само што ќе го подобрат твојот стил, туку ќе те водат во една нова супер авантура. Дизајнирани за тие кои сакаат да бидат ин, да бидат секогаш во мода, овие уреди се вистински пример за тоа како технологијата може да ја избалансира функционалноста и практичноста.

Ако Galaxy Z Flip7 беше филм, ќе беше дефинитивно хит. Со својот преклопен дизајн и компактна форма, овој телефон е направен за да го носиш со себе секој ден, кога ќе го отвориш, сите ќе се вртат по него. Екран од 6.7 инчи е сѐ што ти треба за да уживаш во твоите омилени видеа, селфи сесии и слики кои ќе изгледаат совршено како од инстаграм! И да, Galaxy AI е тука да те направи професионалец во фотографијата, автоматски прилагодувајќи ги боите и контрастот.
Дизајн што те дефинира, без компромиси. Преклопи, отвори и добиваш најкул екран. А за твојата приватност, секогаш Samsung Knox ја обезбедува твојата приватност и ја чува твојата безбедност, така што твоите информации и фотографии ќе бидат заштитени на највисоко ниво.

Galaxy Watch8 – совршен баланс за секој ден!
Не станува збор само за време, Galaxy Watch8 е паметен часовник кој го следи твоето здравје и продуктивност. Дизајниран со елеганција и модерни технологии, овој часовник е твојот совршен партнер. Samsung Health ја поставува новата рамка за следење на твоето срцево здравје, активност па дури и стрес. Поврзан со SmartThings, можеш да управуваш со сите свои паметни уреди, од температура до осветлувањето во твојот дом, директно од твојот зглоб.
Немаш време да се грижиш за безбедноста на твоите податоци? Не се грижи, Samsung Knox ја чува твојата приватност, така што сè што правиш на часовникот и телефонот е 100% заштитено.

Пробај го пред да одлучиш со Try Galaxy
Не мора да се прашуваш дали Galaxy Z Flip7 и Galaxy Watch8 се вистинскиот избор за тебе. Со Try Galaxy, можеш виртуелно да ги искористиш сите можности што овие уреди ги нудат. Испробај ги, тестирај ги, увери се во нивниот стил и интелигенција пред да донесеш конечна одлука.

Ако си подготвен за премиум дизајн, најсовремената камера и врвни интелигентни функции, Galaxy Z Flip7 и Galaxy Watch8 се токму тоа што ти треба. Поврзување, продуктивност и стил e сè што ти треба за да бидеш на врвот, a сега е на дофат на твојата рака. Не чекај, почувствувај ја иднината сега!
Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.



