Мобилни
Најновиот, супер моќен член на Галакси семејството -Galaxy Note9 претставен во Македонија
Компанијата Самсунг во Македонија го претстави Галакси Ноут9 (Galaxy Note9) – најновото дополнување на својата серија премиум Ноут (Note) уреди. Новиот Галакси Ноут9 обезбедува неверојатни перформанси, ново “С“ Пенкало (S Pen) со можност за Блутут (Bluetooth) поврзување и најинтелигентна Самсунг камера.
„Галакси Ноут9 е новото дополнување на нашата Ноут серија која од година во година ги надминува очекувањата на корисниците кога станува збор за перформансите и иновативните технологии кај паметните телефони. Овој уред поседува голем број на импресивни карактеристики кои ќе им помогнат на корисниците да го извлечат максимумот од своите секојдневни активности, без разлика на тоа каде се наоѓаат.” – изјави Марјан Блажевски, Директор за продажба на телекомуникациски производи на Македонскиот пазар во Компанијата Самсунг Електроникс, во рамки на официјалното претставување на Галакси Ноут9.





