Интернет
Мајкрософт го редизајнира Скајп
Иако Мајкрософт неодамна комплетно го редизајнираше изгледот на Скајп, компанијата планира повторно да го стори истото. Според публикацијата на официјалниот блог на Скајп, софтверскиот гигант планира новиот дизајн на апликацијата да биде во служба на едноставноста.
– Со зголемувањето на функционалноста на Скајп сложеноста на апликацијата расте. Како и со секој мултифункционален производ, одржување на едноставност при проширување на функционалноста е од клучно значење за неговата употребливост, пренесоа од Мајкрософт.
Апликацијата која првпат излезе во 2003 година постојано се развива и се менува, додавајќи се повеќе и повеќе нови функции – на пример, една од најновите верзии поддржува снимање на разговори. Но, промените во дизајнот воведени минатата година се покажаа како премногу комплицирани за корисниците. На пример, стана потешко да се прават повици, а „акцентите“ (Highlights) не им се допаѓаат на мнозинството на потрошувачите.




