Sci-fi
НАСА: Озонската дупка се намалува
Озонската дупка годинава се намалила до нивото од 1988 година, според редовниот годишен извештај на НАСА.
Дупката во озонот е откриена во 1985 година. Низ годините, ситуацијата само се влошуваше, но последниве две години, првпат има знаци за постепено враќање на нивоата од 80-те години на минатиот век.
Некои научници тврдат дека тоа сепак не се должи на напорите на човекот. Намалувањето на озонската дупка последниве две години всушност претставува природна варијација и изгледите за подобрување се само привидни, велат експертите.




