Sci-fi
НАСА планира да сади компири на Марс
Американската вселенска агенција НАСА ја истражува површината на Марс каде планира во блиска иднина да живеат луѓе.
Овие први колонисти ќе мораат со нешто да се хранат, а идеална намирница за одгледување на вонземски услови, според мислењето на научниците е компирот.
Перуанскиот Центар за одгледување компири (ЦИП) и НАСА моментално истражуваат која меѓу 4.500 сорти од ова растение кое се произведува во Перу е најпогодна за одгледување на црвената планета.




