Интернет
Ова моментално е најомразениот човек на интернет (ВИДЕО)
Пред неколку дена на социјалните мрежи почна масовно да се споделува видео, кое го објави „The Scene“ под наслов „Why They Cheated: Two Exes Confront Each Other About Infidelity“.
Тоа што следи може да се нарече седум минути чист емотивен терор, со кој се соочува една девојка за која се верува дека се вика Кортни, а која во видеото се обрати до нејзиното лажливо поранешно момче, за да дознае зошто ја изневерувал.
Кортни во една прилика го затекнала и со друга жена во кревет, по што тој ја замолил да оди во друга соба, а призна и дека не зна е колку пати ја измамил, бидејќи „едноставно не броел“.



