Интернет
ПРАЗНИК НА ОНЛАЈН КУПУВАЊЕТО: Светот денеска ќе потроши милијарди долари на „Алиекспрес“
Кинеските потрошувачи денеска, по повод Денот на самците, ќе потрошат милијарди долари купувајќи преку Интернет разни предмети од пелени до дијаманти.
Продажбата започна на полноќ, а најголемата онлајн-трговска компанија во Кина, Алибаба, објави дека приходите преку нивната локација надминале 19 милијарди долари во првите 12 часа од празникот.
И ривалите на Алибаба, како што е ЏиДи. ком (JD. com,) прават огромни профити, бидејќи на купувачите им нудат големи попусти на облека, паметни телефони, патувања, храна и други производи.




