Наука
Промотивен настан на младинската организација Анти Корупција Интернационал Македонија
Младинската организација Анти Корупција Интернационал Македонија (АКИ Македонија), подружница на интернационалната организација Anti Corruption International (ACI) одржа промотивен настан во амфитеатарот на Мит Универзитетот на плоштад Македонија.
Меѓу присутните гости беа д-р Слаѓана Тасева, УНДП, Транспарентност Македонија и младинските организации Младите Можат, Ајде Македонија, Психеско,ПЕЛ,АИЕСЕК,АЕГЕЕ и ИАЕСТЕ.
Се одржаа вкупно три презентации од страна на претседателот на АКИМ, Oлга Рајчиќ и двајца други членови на организацијатаа : Симона Рамос и Марјан Атанасовски. Како специјален гостин на настанот, говор одржа д-р Слаѓана Тасева, претседателот на националниот огранок во Македонија на меѓународната организација Transparency International.





