Наука
Просечна оценка 3.42 во јунската сесија од државната матура
Средната оценка од полагањето на трите екстерни предмети во јунската сесија од државната матура за учебната 2015/2016 година е 3.42 и е повисока од минатогодишната просечна оценка од 3.37. Во јуни за државна матура беа пријавени 16.859 кандидати, од кои 8.729 во гимназиско, 7.866 во средно стручно и 264 во уметничко образование.
Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), деветтата генерација матуранти покажала најдобри резултати на тестот по странски јазик (француски, германски или руски) за кој средната оцека е 3.99. За испитот по англиски јазик ДИЦ објави засебна просечна оценка која годинава е 3.00.
Од трите екстерни предмети, задолжителен за сите матуранти е мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, по кој годинава вкупниот просек е 3.66.




