Мобилни
Самсунг ги претстави новите телефони Самсунг Галакси С9 и С9+
Самсунг ги претстави новите Самсунг Галакси С9 (Samsung Galaxy S9) и С9+ (S9+) паметните телефони кои имагинативно го реинтерпретираат начинот на кој луѓето комуницираат, споделуваат и го искусуваат светот.
Создадени за период во кој потрошувачите се повеќе и повеќе комуницираат и се изразуваат преку фотографии, видеа и пиктографи (еmoji), Галакси С9 и С9+ вклучуваат иновации преку најнапредната Самсунг камера до сега. Редизајнирани, со нова бленда која овозможува иновативна камера за слаба осветленост, способност за супер бавно “Slow-mo“ видео и персонализирани пиктографи за изменета реалност (AR Emojis), новите Галакси С9 и С9+ ќе се погрижат корисниците никогаш да не пропуштат ниту еден момент и да го направат своето секојдневие неверојатно.
Галакси С9 и С9+ овозможуваат збогатено доживување на забавата со моќни стерео звучници поставени со помош на АКГ (AKG), извонреден звук со Долби Атмос (Dolby Atmos®) и редефиниран бесконечен екран од раб до раб – клучен елемент во дизајнерското наследство на Самсунг. Дополнително, Галакси С9 и С9+ ќе пристингат со новата “SmartThings“ апликација, која ги обединува постоечките ИоТ услуги на Самсунг во едно единствено, паметно искуство.



