Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

40% од Gen Z користат иста лозинка на повеќе сметки и искрено сме загрижени

Технологија

40% од Gen Z користат иста лозинка на повеќе сметки и искрено сме загрижени

Вратете ја контролата врз вашата сајбер безбедност.

Огромен дел од нашите животи се случува на интернет и често е заморно постојано да се грижиме за сајбер безбедноста. Но, само затоа што е погодно да се користи истата лозинка за вашиот телефон, апликации и сметки, не значи дека тоа е паметна идеја.

Во една неодамнешна анкета на BDG Studios/OnePoll на повеќе од 1.000 припадници на Gen Z низ Соединетите Држави, речиси 40% од испитаниците признале дека користеле иста лозинка на повеќе сметки, а со тоа ги прави нивните сметки ранливи на напади и на обиди за фишинг.

Тоа не е единственото проблематично однесување во однос на сајбер безбедноста. Истото истражување покажа дека само 39% од испитаниците веднаш бришат фотографии од строго приватни информации – како што се нивните ЕМБГ броеви или броевите на кредитните картички.

Ризикот од кражба на податоци се зголемува уште повеќе кога се прават други вообичаени грешки, како што се испраќање датотеки без шифрирање или неприлагодување на поставките на апликацијата.

Со оглед на тоа што 61% од испитаниците признале дека чуваат работни документи и чувствителни деловни информации на нивните лични уреди, потенцијалните безбедносни напади може да имаат негативни импликации и за вашиот бизнис.

За среќа, постојат решенија за оние од нас кои можеби (или можеби не) сме замениле нов специјален знак во лозинката составена од датумот на нашиот роденден во последната деценија. Samsung Knox, на пример, е комплетна безбедносна платформа која штити сé и дење и ноќе, од вашиот чип до вашите апликации.

На пример, проверете ја нивната контролна табла за безбедност и приватност, односно вашиот нов „мобилен исфрлувач“. Таму можете да забележите дали некоја случајна апликација се обидува да пристапи, на пример, до вашиот микрофон, и брзо да ја отстраните од вашиот систем.

Тука е и безбедносното решение Samsung Knox Vault, кое ги држи вашите најчувствителни податоци изолирани од главниот оперативен систем, делувајќи како штит за заштита на вашиот телефон на сите нивоа.

Зајакнете ја безбедноста на вашето дигитално присуство со контролната табла за безбедност и приватност на Samsung Galaxy и Knox Vault. Повеќе информации дознајте тука.

Оваа содржина првично беше објавена во Elite Daily на 22 декември, 2022.

Повеќе од Технологија

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.