Технологија
Таблет кој е создаден за врвно гејминг искуство!
Таблетот е извонредна опција да ја имате вашата забава, како и вашата работа секогаш покрај себе. Сé повеќе луѓе се вртат кон овие моќни преносливи уреди и секојдневно ги користат како замена на компјутерот, поради што денес навистина можете да имате феноменален таблет со врвен дизајн и со перформанси кои постојано се надградуваат.
Новата серија таблети Galaxy Tab S9 на производителот Samsung донесе големо воодушевување меѓу сите љубители на „фини играчки“, особено меѓу гејмерите. Играњето игрина таблет е одличен начин да уживате во една од најомилените активности додека сте во движење. До пред една деценија не можеше да се замисли дека на телефоните или таблетите ќе можат да се играат игри како Genshin Impact или Honkai: Star Rail. Или дека овие мали уреди ќе можат беспрекорно да читаат софтверски код во форма на емулатори и да прикажуваат игри во најмалку 30 фрејмови во секунда.






