Технологија
Доаѓањето на најсјајната ѕвезда од Galaxy серијата одбележано со спектакуларен настан
По глобалната премиера, серијата Galaxy S23 и официјално беше претставена во Северна Македонија. По повод пристигнувањето на најновата серија смартфони Galaxy S, компанијата Samsung Electronics организираше промоција во познатиот скопски локал – ABC by Mosh. Посетителите имаа можност да ги испробаат најмоќните паметни телефони Galaxy S23 досега и нивната иновативна технологија.
Гостите имаа можност да се запознаат со новите уреди во интерактивната Experience зона, чиј центар беше најмоќниот модел Galaxy S23 Ultra со иновативни функции, камера и омиленото S Pen. За доживувањето да биде целосно, се погрижи познатиот македонски изведувач Антоние Весковски, кој со својата магична изведба совршено хармонично го дополни настанот. На настанот присуствуваа бројни медиуми, деловни партнери и познати личности од јавниот живот. Програмата ја модерираше нашиот брилијантен актер Игор Ангелов.
„Многу сум среќен што сме денес тука и имаме можност повторно да се видиме, да се дружиме, но и да ги покажеме Samsung новитети кои вредно ги развиваме. Кога го претставивме брендот Ultra во 2020 година, прво Galaxy S20 Ultra, а потоа Galaxy и Note20 Ultra, целта беше да им дадеме на клиентите нешто што ќе покаже дека го поседуваат најдоброто од она што Samsung има да го понуди, нешто на кое би биле горди, нешто што им даде искуство што никогаш не го. Денес, три серии подоцна, гордо може да кажеме дека со S23 се надминавме себеси!“ изјави Маријан Блажески раковoдител на сектор за мобилна комуникација.








