Самсунг го прославува својот 50-ти роденден!
Во 2019 година NASA прослави 50 години од историската мисија на Аполо 11 и првото слетување на месечината. Светското првенство во кошарка само што заврши, а на 19. декември ќе се претстави и третото и последно продолжение од трилогијата „Star Wars“. Последната година од оваа декада ќе се памети по многу значајни случувања. Воедно, 2019. претставува и многу значаен јубилеј во историјата на компанијата Samsung Electronics која го прославува своето 50. годишно постоење во светот на технологијата.
Сѐ започнало во 1969. година, кога Samsung го претставил својот прв црно-бел телевизор и започнал со извозот на производи надвор од Кореја. Секако, патот до успехот бил полн со подеми и падови, сѐ додека Samsung не прерасна во лидер и еден од најголемите технолошки иноватори во светот.
Со премисата „Инспирирај го светот, создади ја иднината“, која претставува дел од визијата на компанијата за 2020. година, Samsung ги заинтригира сите љубители на технологијата и ги наведе да размислуваат за тоа што следи.






