ВНИМАТЕЛНО СО „ФЕЈСАП“: Апликацијата има неограничено право да ги користи фотографиите од вашето лице
Виртуелниот тренд кој овие денови кружи по социјалните мрежи е апликацијата FaceApp која користејќи ваша сегашна фотографија и вештачка интелигенција создава фотографија која покажува како би изгледале на возрасни години.
Она што не го знаат корисниците е следното:
Со самото инсталирање и активирање на апликацијата таа може да пристапи до вашите фотографии, да ги зачува и да користи фотографиите од вашата галерија, без ваша дозвола!





