Скоро две третини од Македонците редовно користат бесконтактни картички
Во однос на регионот, Македонија бележи многу добри резултати кога станува збор за бесконтактни трансакции. Вкупната употреба на овој начин на плаќање со Visa картички порасна за околу 113 проценти во однос на март минатата година. За овие промени допринесе и кризата предизвикана од Covid-19, која не се намалува и ги насочува луѓето поради грижата за здравјето, од корен да ги променат своите навики. Потрошувачите, без разлика на тоа што купуваат, се префрлуваат на трговија, која е првенствено од дигитална природа.
Околу 86 проценти од граѓаните се подготвени плаќањата да ги извршуваат на овој начин, бидејќи истото им носи бројни погодности, покажуваат резултатите од регионалното истражување на компанијата Visa во рамките на кампањата „Во чекор со дигиталната иднина“. Повеќето, како главни предности при употребата на бесконтакните картички, ги истакнуваат – брзината, едноставноста при ракување и практичноста.
До поголеми промени во однесувањето на потрошувачите дојде и секаде во светот, со фокус на е-трговијата и сеопфатната потреба за искуство без контакт на продажното место. На пример, 13 милиони луѓе во Јужна Америка и на Карибите го направија своето прво купување на мрежата во првиот квартал од 2020. година, а 31 милион Американци во март 2020. ја имаат употребено својата Visa бесконтактна картичка или дигитален новчаник со опцијата приближи-и-плати (tap-to-pay), во споредба со 25 милиони во ноември.




