Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Крај за евтините интернет пратки: Владата го укинува ослободувањето од ДДВ за нарачки под 22 евра

Актуелно

Крај за евтините интернет пратки: Владата го укинува ослободувањето од ДДВ за нарачки под 22 евра

Онлајн шопингот од платформи како Тему и АлиЕкспрес наскоро ќе стане поскап за македонските купувачи. Владата подготви измени на Законот за данок на додадена вредност (ДДВ) со кои се укинува досегашното ослободување за пратки со вредност до 22 евра, што значи дека и најевтините нарачки од странство ќе бидат опфатени со данок од 18%.

Предлог-законот веќе е доставен во Собранието и ќе биде разгледан по локалните избори. Откако ќе биде изгласан, новите правила ќе стапат во сила осмиот ден од објавата во „Службен весник“.

Кои пратки ќе бидат ослободени?

Иако Владата воведува построги правила, некои исклучоци ќе останат. Без ДДВ ќе бидат:

Маркетинг
  • личен багаж на патници што пристигнуваат од странство,

  • предмети со мала вредност кои не се за комерцијална продажба,

  • лекови за лична употреба,

  • наследени предмети и одредени други случаи наведени во законот.

Е-трговијата во Македонија експлодира – но со последици

Според податоците на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), во првата половина од 2025 година македонските граѓани направиле онлајн трансакции во вредност од 456,3 милиони евра, што е раст од 34,3% во однос на истиот период минатата година.

Особено се издвојува Тему, кој буквално ја преплави Македонија со евтини понуди и бесплатна достава.
Само во јуни македонските купувачи нарачале 250 тони стока, од кои 95 тони биле пратки под 22 евра – без ниту еден денар платен данок.

За остатокот од 153 тони, се платени давачки во износ од 678.000 евра, покажуваат податоците на Трговската комора при Сојузот на стопански комори.

Државата со раст на приходите, но и со зголемен притисок

Царинската управа во септември пријави 179,5 милиони евра наплатени приходи, што претставува раст од 7,5% во однос на истиот месец минатата година. Најголем раст има кај царините (+13,4%) и ДДВ (+8,7%).

Иако приходите растат, огромниот прилив на мали пратки без царинска обработка претставува административен и финансиски товар. Секојдневно во земјата влегуваат илјадници пакети, а повеќето се под прагот за плаќање данок.

Тему под лупа и во Европа и Америка

Моделот на евтина онлајн трговија на кинеските платформи одамна е во фокусот и на Европската Унија и на САД.
Во 2024 година, пазарот на ЕУ бил преплавен со 4,6 милијарди пакети со ниска вредност, од кои 91% пристигнале од Кина.

Секој ден низ Европа циркулираат 12,6 милиони пакети без царинско одобрение, што ги става под притисок локалните трговци, производители и синџири на снабдување.

Што значи ова за македонските потрошувачи?

Со укинувањето на ДДВ-ослободувањето, секој купен производ од странство – без оглед на цената – ќе биде поскап за 18%.

Тоа ќе ги погоди купувачите кои редовно пазаруваат евтина облека, аксесоари или мали гаџети преку интернет, но од друга страна ќе создаде поправична конкуренција за домашните трговци кои со години го плаќаат истиот данок.

Економистите сметаат дека оваа мерка ќе ја намали зависноста од кинеските е-продавници, но и ќе ја поттикне домашната е-трговија да стане поконкурентна. Сепак, се очекува краткорочно незадоволство од потрошувачите навикнати на ниски цени и бесплатна достава.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.