Мобилни
Телеком од денеска ги обедини Т-Мобиле и Т-Хоме
Брендовите Т-Мобиле и Т-Хоме згаснуваат. Од денеска целото портфолио ќе се нуди преку единствениот бренд Телеком.
Фиксната, мобилната телефонија, интернетот и телевизијата ќе бидат за корисниците достапни на едно место, а информациите преку единствена веб страница и единствен контакт центар. Ова го објави главниот извршен директор на Македонски телеком Андреас Маиерхофер на прес-конференција во Дојче телеком во Берлин.
– Македонски телеком ги згаснува двата продуктни бренда Т-Хоме и Т-Мобиле и воведува еден бренд – Телеком, под чија капа компанијата ќе продолжи да го нуди целото свое портфолио на услуги наменети за приватни и деловни корисници. Целта е поедноставување на процесите, во насока на зголемување на задоволството на корисникот, како клучен фокус на Македонски телеком, изјави Маиерхофер и додаде дека спојувањето е телекомуникациски тренд во светот.




