Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

56. „Супербол“ : Пет хип-хоп легенди ќе настапат заедно на сцена

Сцена

56. „Супербол“ : Пет хип-хоп легенди ќе настапат заедно на сцена

56. „Супербол“ : Пет хип-хоп легенди ќе настапат заедно на сцена

Сцената на американскиот „Супербол“ е една од најпознатите на светот, и секоја година ги угостува најголемите музички ѕвезди. На последното издание во февруари оваа година, The Weeknd (31) приреди вистински спектакл. Со текот на времето, 12-минутното музичко шоу стана попопуларно од самиот натпревар, а го следат милиони луѓе.

Музичарите Доктор Дре, Снуп Дог, Еминем, Мери Џеј Блајџ и Кендрик Ламар ќе бидат во центарот на вниманието на полувремето на идниот, 56. „Супербол“. Тоа ќе биде првпат пет уметници да настапат заедно на сцената, се вели во соопштението на организаторите.

Финалето во американско рагби е закажано за 13 февруари 2022, недела, на стадионот „Софи“ во Инглвуд, Калифорнија, САД.

– Ова ќе биде вовед во следната сага во мојата кариера – напиша Др. Дре на својот профил на Инстаграм.

 

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.