Премиера на „No Time to Die“: Кејт Мидлтон заблеска на црвениот тепих
Во Лондон синоќа се одржа премиерата на најновиот филм за Џејмс Бонд насловен како „No Time To Die“.
Кејт Мидлтон го „украде“ целото внимание на премиерата со долгиот златен фустан кој е креација на Џени Пекам. Војвотката присуствуваше заедно со сопругот принцот Вилијам, како и принцот Чарлс и Камила.
-Изгледате навистина прекрасно -ѝ рекол Даниел Крег, импресиониран од нејзиниот изглед.




