Сцена
Аријана Гранде се врати во Америка по терористичкиот напад во Манчестер (ФОТО)
Аријана Гранде се врати во Америка по трагичниот терористички напад на нејзиниот концерт кој се случи во понеделник вечерта во Манчестер, кога умреа 22 луѓе, а преку 60 беа повредени.
Пејачката беше погодена од целото случување кое полицијата го класифицира како терористички напад, и поради тоа таа ја откажа европската турнеја и се врати во својот роден град во Флорида каде беше пречекана од страна на фамилијата и нејзиното момче Мек Милер.
Извор близок до фамилијата вели дека нивната средба била навистина тажна и вознемирувачка.




