Сцена
Почина тајниот агент 007, славниот актер сер Роџер Мур
Британскиот актер сер Роџер Мур (89) почина денеска во Швајцарија по кратка борба со канцерот.
– „ Со искрена жал соопштуваме дека нашиот сакан татко сер Роџер Мур почина денеска во Швајцарија, по кратка но храбра борба против канцерот“, соопшти неговата фамилија. „Љубовта со која го опкруживме последните денови не може да се опише со зборови. Знаеме дека љубовта и почитта кои луѓето ја имаа за него само ќе растат во текот на годините, ширум светот, кај оние кои го запознаа преку филмовите, телевизиските мисии и страственото работење со УНИЦЕФ.“
Соопштението го потпишаа неговите деца, Дебора, Џефри и Кристијан.




