Сцена
Ашер ќе настапи на полувремето на „Супербоул“
Најголемото натпреварување во американскиот фудбал, Супербоул, секоја година на полувремето е домаќин на спектакуларен музички настап. NFL, Apple Music и Roc Nation открија која е овогодинешната ѕвезда.
Американската поп-ѕвезда Ашер (44) ќе настапи на полувремето на 58. Супербоул на НФЛ лигата, што ќе се одржи на 11 февруари 2024 година во Лас Вегас.
– Мене ми е голема чест, конечно, да го прецртам појавувањето на Супербол од мојата листа со желби. Едвај чекам да му донесам на светот шоу кое не наликува на ништо што досега го виделе од мене. Благодарност до навивачите и на сите што ја овозможија оваа можност. Се гледаме наскоро – изјавил Ашер.




