Сцена
Уште една награда за Милчо Манчевски, овојпат во Италија
Уште една награда за најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски – викендов доби Специјална награда на фестивалот И-фест во Калабрија, Италија.
Манчевски е почесен гостин на фестивалот, кој го чествува со Ретроспектива на комплетниот опус, од „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“ и „Кајмак“ до кратките „Четврток“ и „Крајот на времето“. Тој исто така одржа и мастерклас.
Фестивалот објави и соопштение во кое изразува целосна поддршка и солидарност со Манчевски, осудувајќи го политичкиот прогон на кој е тој изложен од македонските власти затоа што пријавил корупција.




