Дамите од „Сексот и градот“ повторно прошетаа низ Њујорк: Започна снимањето на новото продолжение
По 6 сезони и два снимени филмови, екипата на култната серија се враќа на малите екрани. Серијата од 10 епизоди ќе се емитува на HBO Max.
Официјално започна снимањето на серијата „And just like that…“ , продолжение на култната серија „Сексот и градот“.
Сара Џесика Паркер (56) повторно ќе ја видиме во улогата на колумнистката Кери Бредшо, Кристин Дејвис (55) во улога на вечната романтичарка Шарлот Јорк и Синтија Никсон (55) како адвокатката Миранда Хобс.




