Сцена
Џенифер Анистон се разведува по две години брак
Актерите Џенифер Анистон и Џастин Теру се разделуваат по две и пол години брак.
– Одлуката е взаемна и постигната со многу љубов кон крајот на минатата година… Ние сме двајца прекрасни пријатели, кои решија да се разделат како двојка, но сакаме да го продолжиме своето пријателство, се вели во заедничкото соопштение на Анистон и Теру.
Џенифер Анистон се прослави со улогата на Рејчел во хит хумористичната серија „Пријатели” и со настапит во бројни други романтични комедии. Џастин Теру настапи во филмовите „Пороците на Мајами”, „Мулхоланд Драјв”, како и во серијата „Престанати”.




