Шоубиз
Џенифер Анистон и Дејвид Швимер повторно заедно во реклама на Uber Eats за Супер Боул
Објавена е рекламата за Uber Eats, онлајн платформа за нарачка и доставување храна, која ќе биде прикажан како дел од огласите на овогодинешното емитување на Super Bowl. Во рекламата, меѓу другите, се и Џенифер Анистон, Дејвид Швимер, Ашер, Викторија и Дејвид Бекам.
Неколку сцени од рекламата предизвикаа воодушевување кај гледачите. Внимание привлече маицата на Викторија на која пишува „Жената на Дејвид“, но на луѓето најмногу им се допадна делот од рекламата со Џенифер и Швимер.
Имено, Швимер и приоѓа на Анистон на филмскиот сет и се обидува да ја прегрне, но таа му се спротивставува. Се однесува како да не знае кој е.




