Сцена
Ќерката на Бијонсе има личен стилист и пет куќи на свое име
Ќерката на Бијонсе и Џеј Зи уште од мала живее на „висока нога“!
Шест годишната Блу Ајви Картер има личен стилист кој се грижи за нејзиното облекување, а тој се погрижи и за нејзиниот изглед на доделувањето на „Греми“ наградите, кога се појави во бела комбинација и светкави високи потпетици.
Девојчето често може да се види во скапи лимитирани креации како фустанот дизајниран од Мишка Аоки, кој чини неверојатни 8.000 фунти .




