Шоубиз
Системот колабираше од многу посети – хаос при почетокот на продажбата на билети за турнејата на Бијонсе!
Очекуваниот почеток на продажбата на билети за “Cowboy Carter Tour” предизвика вистински хаос!
Продажбата требаше да започне напладне по локално време, но огромниот интерес доведе до пад на системот, оставајќи илјадници фанови во редица без шанса да купат билет.
Фановите бесни – Ticketmaster повторно под притисок
Многу обожаватели на Бијонсе се пожалија дека Ticketmaster не можел да го издржи товарот и колабирал уште пред билетите да станат достапни. Со часови чекаа во виртуелни редици, но наместо да купат влезници, беа пречекани со пораки за грешка и пад на серверите. Ова не е првпат платформата да се соочи со ваков проблем – сличен колапс се случи и при продажбата на билетите за минатогодишната турнеја на Тејлор Свифт.



