Сцена
Италијанска премиера на македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија во Трст
Македонскиот филм „М“ во режија на Вардан Тозија на 1 ноември ќе биде прикажан на фестивалот Trieste Science + Fiction Festival.
Ова е италијанска премиера на филмот работен по сценарио на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, продуценти се Дарко Попов и Вардан Тозија, а филмот е работен со копродуценти од Франција, Хрватска, Косово и Лукембург, со мнозинска македонска продукција.
– 23. издание носи многубројни настани и филмски премиери кои не треба да се пропуштат и кои ја потврдуваат меѓународната слава на фестивалот за научна фантастика во Трст како иновативен, влијателен и динамичен настан, велат организаторите.






