Настани
„Капитал Ситис“ и Рошин Марфи за уште посилна „Егзит Авантура“
Кон богатата програма на овогодишната Егзит Авантура се придружуваат калифорниските хитмејкери „Капитал Ситис“ (Capital Cities) кои ќе настапат на завршната ноќ за прослава на 15. роденеден на „Егзит фестивал“, во недела на 12. јули, надополнета со огномет и фанфари на светскиот мегахит „Safe & Sound“!
Со стотини милиони „ЈуТјуб“ прегледувања и една од најмногу стримуваните песни во изминатите три години, популарните „капиталци“ доаѓаат на Балканот во рамки на големата турнеја со која го промовираат, според мислењето на критиката еден од најдобрите поп албуми во последниве неколку години, „In a Tidal Wave of a Mystery“, кој ги освои сите најважни светски топ листи.
Егзит Авантурата потоа се сели на море каде што некогашната пејачка на славниот состав „Молоко“ и дивата на модерната музичка сцена Рошин Марфи (Roisin Murphy), ќе настапи во петок, 17. јули, на главната бина на Си Денс фестивал на Јаз.




