Настани
Објавен е списокот на изведувачи за овогодинешниот фестивал Гластонбери
Најавен е првиот дел од изведувачите за Гластонбери 2025 година, а фановите се прилично задоволни бидејќи меѓу главните имиња на фестивалот се и две нови големи музички ѕвезди кои младите ги обожаваат, Оливија Родриго и Charli XCX.
Веќе беше познато дека Нил Јанг (кој накратко се повлече, а потоа се предомисли) и Род Стјуарт ќе настапат во недела попладне. Сега е потврдено дека бендот The 1975 ќе им се придружи како хедлајнери во петок и Оливија Родриго како главна ѕвезда во недела.
Фестивалот Гластонбери се одржува во Сомерсет, а оваа година во периодот од 25 до 29 јуни. Настапот на The 1975 ќе биде нивниот прв голем концерт откако најавија пауза во 2023 година по завршувањето на нивната турнеја.




