Сцена
Келвин Харис се извини поради однесувањето по раскинување со Тејлор Свифт
Секое раскинување е тешко на свој начин, но уште потешко е ако тоа е јавно, што најдобро го знаат голем број светски познати лица, кои по тоа прашње никогаш немаат мир.
Токму таков прекин имаа ди-џеј-от Келвин Харис и пејачката Тејлор Свифт, чија врска пропадна по една година љубов. Но, наместо се мирно да се заврши причините за нивното раскинување и разните проблеми со денови се провлекуваа по насловните страници.
Двојката прекина во мај 2016 година, а како причина, верувале или не, беше посочена песната на Келвин „This Is What You Came For“ со Ријана, во чие создавање учествуваше и самата Тејлор.




