Сцена
Конечно е објавен трејлерот за новиот „Гладијатор“ (ВИДЕО)
Компанијата „Paramount“ го објави трејлерот за вториот дел од легендарниот филм „Гладијатор“, на Ридли Скот.
Според најавата, „Гладијатор 2“ ја продолжува сагата за моќ, интриги и одмазда во античката Римска империја.
Години откако бил сведок на смртта на херојот Максим од рацете на неговиот вујко, Луциј е принуден самиот да влезе во Колосеумот кога неговиот дом е освоен од царевите тирани кои владеат со Рим со железна тупаница.




