МК Сцена
Март во ритамот на големите концерти: Скопје го пречекува HUGEL
Март во Скопје ќе мине во знакот на големите музички настани, а централното место на концертната агенда го зазема настапот на HUGEL, кој на 13 март 2026 година ќе настапи во арената Борис Трајковски.
Францускиот диџеј и продуцент доаѓа во главниот град со своето спектакуларно шоу „UP ALL NIGHT“, кое е дел од актуелната светска турнеја. Настанот веќе предизвикува огромен интерес, а според организаторите, продажбата на билети се одвива со засилено темпо.
Единствен регионален настап
Скопскиот концерт е најавен како единствен настап на HUGEL во регионот, што дополнително ја зголемува привлечноста на настанот. Уметникот моментално настапува на некои од најголемите светски сцени – од европските метрополи, преку Латинска Америка, па сè до Азија и Австралија – при што голем дел од концертите се распродадени однапред.



