Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

НА 68 ГОДИНИ: Гитаристот на „Ролинг стоунс“ Рони Вуд повторно ќе стане татко

Сцена

НА 68 ГОДИНИ: Гитаристот на „Ролинг стоунс“ Рони Вуд повторно ќе стане татко

Гитаристот на „Ролинг стоунс“, Рони Вуд на 68 години по петти пат ќе стане татко. Неговата  30 години помлада сопруга Сали Хемфриз е бремена и чекаат близнаци.

– Сали и Рони Вуд се воодушевени што можат да ја објават веста дека очекуваат близнаци кои би требало да се родат во јуни 2016 година, изјави претставник на легендарниот бенд.

Двојката се венча во декември 2012 година во Лондон, по шест месеци забавување.

Вуд од поранешните бракови има четири деца и девет внуци.

Славниот гитарист е најмладиот член на „Ролинг стоунс“. Тој се придружи во групата во 1975 година.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.